Путер или маргарин – оваа тема е актуелна во последните неколку години. Јасно е кога се користи путер, а кога маргарин во подготвувањето торти и колачи, но знаеме ли кој од овие два производа е подобар за нашето здравје. И зошто.
Главна разлика меѓу маргаринот и путерот е потеклото. Маргаринот настанува индустриски со хидрогенизација на растителни масла, а путерот е млечен производ кој се произведува по природен пат, како и кајмакот и сирењето. Од оваа причина, путрот треба да биде вашиот прв избор.
Покрај тоа, путерот содржи витамини А и Е, како и селен, кој помага во борбата против габичните инфекции.
Некои маргарини се збогатени со витамини. Тие се додаваат во процесот на производство, што е далеку понеповолна ситуација од оние во кои витамините се природно застапени во некои производи, како што е случајот со путерот.
Арахидонска киселина, холестерол застапен во путерот, е од суштинско значење за развојот на мозокот и нервниот систем на децата. Од друга страна, предноста на путерот е што може да се пржи на него, за разлика од маргаринот, кој не поднесува високи температури.
На крајот, маргаринот содржи транс масти, а путерот заситени. Транс масти и заситени масти не се исто, а денес секој маргарин има барем мала количина на транс масти, кои настануваат така што течното масло целосно се хидрогенизира и со тоа добивате заситени масти, па сето тоа подоцна се меша со рафинирано течно масло, што значи дека маргарините се вештачки направени од заситени масти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.