Од три до шест недели во просек трае закрепнувањето кај дел од пациентите со коронавирусот. Времето на рехабилитација може да биде и подолго од шест недели кај оние кои имале потешка клиничка слика, па со тим од повеќе специјалисти и други медицински лица тие повторно учат како да ги извршуваат секојдневните активности вели Ас. д-р Маја Манолева, медицински директор на Институтот за физикална медицина и рехабилитација Скопје за порталот Медицина здравјеорг.

Вирусот не влијае само на белите дробови. Тоа е мултисистемска болест, болест на повеќе системи во организмот. Ние секој ден согласно најновите сознанија учиме нешто за болеста. Кај најголем дел од пациентите се јавуваат симптомите поради афектираност на белите дробови, но и на срцето. Може да се појават и невролошки компликации, компликации на кожата. Сето ова бара интензивен контакт меѓу докторот и пациентот и пациентите мора истовремено да бидат третирани од повеќе доктори, односно да има интердисциплинарен пристап. Физијатрите, односно специјалистите по физикална медицина заедно со тимот по рехабилитација се од клучно значење за закрепнувањето на пациентите, особено оние со тешка форма. Во преден план е подобрување на работата на респираторниот систем, но и на општата здравствена состојба“, вели д-р Манолева.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.