Психосоцијална поддршка за пациентите на Клиниката за онкологија и за нивните семејства која е воведена минатата годидна е клучна за подобрување на целокупниот процес низ којшто поминува пациентот.
Првпат обезбедивме психолошка поддршка на пациентите со онколошки заболувања и оваа поддршка е една од најважните сегменти за успешно лекување на болестите. Обезбедивме над 30 молекули иновативна, биолошка терапија и сега во нашата држава нема ниту еден пациент да чека за лек за малигна болест. Ниту еден пациент којшто има малигна болест не само за процесот на лекување, туку и за контролни прегледи сега не плаќа партиципација“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Воведен е и успешно функционира протоколот во кој психолозите даваат индивидуално и групно, психосоцијална поддршка на пациентите и нивните семејства во Кабинетот за психолошка поддршка, во дневната болница и во болничките соби. Целта на психо-онкологијата е давање на психосоцијална поддршка за пациентите со надеж за зголемување на квалитетот на животот на пациентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.