Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пред три часа од респираторна машина е ослободен 37-годишен пациент, кој пред три недели бил примен во тешка состојба. Пациентот сам дише и неговата состојба сега е стабилна, изјави директорот на таа јавна здравствена установа Христијан Костов.
Тој посочи дека пациентот пет-шест дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови.
Му треба време на организмот. Ние пробуваме. Ако му падне сатурацијата (присуството на кислород во крвта) може повторно да го ставиме на респираторна машина. Мора да му се даде време. Неопходни се 24 до 48 часа за да сме целосно сигурни дека на пациентот не му треба респираторна машина. Ова е резултат на ангажманот на целата екипа во болницата која макотрпно работи“, додаде д-р Костов.
Од почетокот на епидемијата досега, ова е прв пациент од државава, кој поради влошена здравствена состојба 12 дена бил на респиратор, а сега веќе нема потреба од таква асистенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.