На Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје во петокот првпат бил изведен екстраперитонеален царски рез врз трудница. Пациентките со овој тип на царски рез побрзо и полесно се враќаат во нормален живот, нешто слично како после вагиналното породување. Бенефитот од екстраперитонеалниот царски рез е што родилката само неколку часа по операцијата може да се движи, да јаде, да пие и да му се посвети на своето новородено.

Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време првпат е реафирмирана во Франција. Ваков вид на породување со царски рез освен во Франција се изведува во Брисел – Белгија, во Загреб – Хрватска, но и во Тунис во Северна Африка.

На ГАК-Скопје на 8 октомври овој вид на царски рез беше изведен врз 23-годишна пациентка, која претходно имала три големи хируршки адоменални операции заради повреди на внатрешни органи. Постоеја индикации нејзиното породување да заврши со царски рез, кој требаше да се направи во интерес на бебето, сооштија од Министерството за здравство.

Првпат во Македонија во петокот беше извршено породување со екстраперитонеален царски рез, со што ГАК-Скопје стана и прва клиника во регионот каде се примени оваа невообичаена техника.

Среќен сум што по 30-годишно работно искуство на нашата клиника се роди бебе со екстраперитонеален царски рез, нешто за што сме слушале од повозрасните колеги. Пациентките со овој тип на царски рез побрзо и полесно се враќаат во нормален живот, нешто слично како после вагиналното породување. Бенефитот од екстраперитонеалниот царски рез е што родилката само неколку часа по операцијата може да се движи, да јаде, да пие и да му се посвети на своето новородено. Со оваа техника, се намалува и ризикот од внесување на интаабдоминални инфекции и намалување на сраслини на внатрешните и на репродуктивните органи, со што се намалува и можноста од постоперативен стерилитет, изјави доц. д-р Игор Самарџиски, кој го изведе оперативниот зафат во петокот.

Доц д-р Самарџиски неодамна се врати од едукативен престој – активен курс во болница во Ница, Франција каде учествуваше во изведување на екстраперитонеални царски резови.

Инаку, техниката за екстраперитонеалниот царски рез е специфична, започнува во исти стил како и клисичниот царски рез, но кон местото на сечењето на матката и вадењето на плодот се пристапува со посебна техника на странично избуткување на бешиката од местото каде што треба да се направи екстараперитонеалниот царски рез. Потоа следува специфично кружно шиење на отворот на матката, што исто така придонесува за намалување на времетраењето на интервенцијата и за подобро зараснување на местото каде е пресечена матката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.