Денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 111 оздравени пациенти од ковид-19 и со тоа првпат од кога почна пандемијата во Македонија има повеќе оздравени од заболени лица.

Најмногу оздравени има во Куманово – 74, а потоа следат Прилеп – 18, Скопје-13 и по еден пациент во Штип, Битола, Охрид, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Хисар.

До вчера, според податоците од Министерството за здравство имаше 742 активни случаи и 627 оздравени.

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.465, бројката на оздравени пациенти е 738, на починати е 77, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.