Како и во повеќето градови во Македонија, така и во Охрид првото новороденче во новата 2019 година е машко.
Бебето, како што информира за МИА, директорката на Охридската болница Славица Малеска Стојадиновиќ, е родено утрово во 10 часот и 10 минути со царски рез.
-Бебето е тешко 3.600 грама, а долго 51 сантиметар. И мајката и бебето се во добра здравствена состојба, изјави Малеска Стојадиновиќ по посетата на новороденчето на Одделот за гинекологија и акушерство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.