Првиот човек излекуван од ХИВ Тимоти Реј Браун почина од леукемија. Веста за излекувањето на Браун првпат беше соопштена на една конференција во 2008-ма, а две години подоцна тој го откри и својот идентитет.

На Браун, кој беше познат како „Берлински пациент“, му беше пресадена коскена срцевина од донор кој природно бил отпорен на ХИВ. Тоа значеше дека веќе не му требаа антивирусни лекови и до крајот на животот не беше носител на вирусот од кој се добива сида.

Браун му даде надеж на светот дека лекувањето на ХИВ е можно, соопшти Меѓународното друштво за сида.

Педесет и четиригодишниот Браун бил роден во САД, а ХИВ му бил дијагностициран во 1995 година додека живеел во Берлин. Во 2007 заболел од тип на рак на крвта наречен акутна миелоидна леукемија и како дел од лекувањето му била пресадена коскена срцевина, што ја добил од донор кој имал ретка мутација која на луѓето им дава отпорност на ХИВ.

Браун целосно се излекувал од ХИВ, но леукемијата му се вратила во почетокот на годината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.