Се уште се прават испитувања за причината поради која на Клиниката за детски болести вчера почина две и полгодишното девојче, а според првичните резултати се работи за пнеумококна бактерија, односно инвазивна пнеумококна болест.
Ова го изјави директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, денеска пред Клиниката.
Ставриќ рече дека детето било примено на интензивна нега во понеделникот попладне, во тешка клиничка слика на сепса. Детето претходно било релативно здраво, со респираторена инфекција и една недела било третирано од страна на матичен лекар.
Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено е на Оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури по престој од 12 часа детето почина, се вели во соопштението од Клиниката за детски болести.
На Клиниката за детски болести, како што информира Ставриќ, во моментов има околу 30 деца со грип и околу десет деца со морбили.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.