Во моментов во Македонија има 13 лица кои се заболени со коронавирус, откако денеска на прес-конфренцијата министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека има четири новозаболени пациенти од Дебар. Тие се поврзани со брачната двојка од овој град кои беа регистрирани како втор и трет пациент.
Четвторицата новозаболени ќе бидат префрлени на Инфективната клиника. Осум пацинети се стабилни, освен пациентката од Дебар, која е на граница да биде поставена на машина за дишење.
Првата пациентка, 50 годишната скопјанка е негативна на повторниот тест и утре треба да биде пуштена на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.