Еден заболен со ковид 19 има во „ЈП Водовод и каналзицаија“, а четворица се во самоизолација, оваа инфорамција за „Република“ ја потврди и директорот на претпријатието.

Лицето кое е заразено со ковид 19, албанец, чувар во нашето претпријатие е од Сарај, бил на ифтарска вечера, па претпоставуваме дека и така се заразил. Тој на работното место постојано носи заштитна опрема, но по консултација со епидемиолози во самоизолација се ставени уште четворица вработени од нашето претпријатие кои била во контакт со него, изјави Весковски.

Директорот истакна дека чуварот за среќа не бил во контакт со многу луѓе и дека неговото работно место е надвор од зградата. Потенцира дека досега претпријатието ги следи сите препораки за заштита.

ЈП Водовод и канализација врши четири пати дневно дезинфекција во просториите на претпријатието и ги следи сите препораки за заштита на врабоетните, изјави за „Република“ директорот Душко Весковски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.