Холандските лекари денес објавија за првиот смртен случај кој се случил по реинфекција со коронавирусот во таа земја, и ова е прв ваков случај во светот.
Станува збор за 89-годишна жена, која повторно се заразила со Ковид-19, иако се разболела од новиот вирус само пред два месеци, објави БиБиСи.
Имунолошкиот систем на починатата жена бил потресен од редок вид на рак, пренесува медиумот.
Таа била примена во болница пред два месеци со треска и силна кашлица, но оздравела и била вратена дома. По 59 дена, започнала повторно со хемотерапија, но одново се заразла со коронавирус.
Кога била тестирана за антитела, утврдено е дека ги нема и починала по две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.