Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.

Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на Ковид-19. Информацијата ја потврди и д-р. Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести, објави НОВА ТВ.

Детсетмесечното бебе беше донесено во неделата поладне во тешка состојба, со грчеви и покачена температура. Нашите итни анализи покажаа дека се работи за тумор на мозокот. На Клиниката остана 24 часа. Во текот на престојот добиен е и позитивен резултат за Ковид-19 кај детето и бабата, која се грижи за детето“, потврди за НОВА, д-р Најдановска Алуловска.

По ова започнала борбата бебето да се одджи во живот и да биде префрлено во Швајцарија, во Клиничкиот центар во Цирих.

Ова е прв случај на дете со толку сериозни компликации од Ковид-19 каде најверојатно коронавирусот предизвикал неутропност на мозокот, односно туморозна формација“, изјави за НОВА, д-р Аспазија Софијанова, која во понеделникот утрината инцирала снимање на КТМ каде се покажала туморозна формација, а откако стигнал и резултатот од тестот за Ковид-19, кој бил позитивен, веднаш ги известила родителите на бебето во Швајцарија. повеќе на НОВА ТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.