Последните неколку месеци светот активно се бори со ширењето на вирусот COVID-19 и стручните лица напорно работат во изнаоѓање решенија за заштита на нашето физичко здравје. Но, промените кои ги искусуваме овој период и предизвиците со кои се соочуваме влијаат не само на нашето физичко здравје, туку и на нашето ментално здравје. Ова е тема која често ја занемаруваме и е проследена со зголемена стигма и со предрасуди, вели психијатарот Стојан Бајрактаров, претседател на Национална комисија за унапредување на ментално здравје.

Менталното здравје е од огромна важност за нашето секојдневно функционирање и за квалитетот на живот кој го имаме.

Познато ни е дека милиони луѓе и нивните семејства низ светот страдаат од нарушено ментално здравје и ментални растројства. Денес, 10-ти октомври, е само краток но важен потсетник да инвестираме во менталното здравје во нашата држава. Ние како стручни лица вложуваме значителен труд во изнаоѓањето на иновативни решенија во адресирањето на ментално здравствените проблеми во овој тежок период. Во последните неколку години направивме значителен напредок, со големи вложувања, пред се, во медицинскиот персонал, но и во подобрувањето на условите за работа и можностите за третман, со активна поддршка од Европската Унија, СЗО, УНИЦЕФ и од други значајни интернационални институции, вели д-р Бајрактаров.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.