Руската вакцина Спутник В обезбедува силна заштита од сериозни симптоми и хоспитализација од варијантата омикрон, објави денеска Рускиот инвестициски фонд (РДИФ), повикувајќи се на прелиминарна студија на производителот на вакцината.

Употребата на руската Спутник Лајт вакцина како „засилувачка“ доза помага да се развие посилен одговор на антителата на варијантата омикрон, според студијата на Институтот Гамалеј. Прелиминарните податоци сугерираат дека ефективноста на Спутник В во комбинација со „засилувачот“ Спутник Лајт против омикрон може да биде повисока од 80 проценти.

РДИФ објави дека прелиминарната лабораториска студија покажала дека Спутник В покажал „висока активност во неутрализирање на вирусот“ кога станува збор за омикрон варијантата. Руското Министерство за здравство го препорачува Спутник Лајт како „засилувачка“ доза шест месеци по вакцинацијата со Спутник В.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.