Центарот за јавно здравје штотуку информираше дека е донесена одлука за прогласување епидемија на мали сипаници на целата територија на Македонија.

Досега само во Скопје и во Струга беше прогласена епидемија на морбили.

Од Центарот информираат дека во моментов има 70 заболени, од кои 7 лица се во критична состојба.

Mинатата недела беа регистрирани најголем број на заразени, точно 126 луѓе. Вкупната бројка на заразени во моментов е 960.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.