Професорката по историја на факултетот во Буенос Аирес, Паола де Симоне која била позитивна на Ковид-19, почина во својот дом за време на онлајн настава. Нејзините студенти побарале од неа да им каже адреса за да можат да повикаат Брза помош, откако се пожалила дека има проблеми со дишењето, но таа изустила само „не можам” и паднала на подот во својата куќа, јави „Вашингтон Пост”.

Неколку часа подоцна нејзиниот безживотно тело го пронашол сопругот, кој воедно е лекар. Де Симоне на социјалните мрежи секојдневно објавувала вести за битката што ја водела со коронавирусот.

Многу е комплицирано. Повеќе од четири седмици сум позитивна на вирусот, а симптомите не минуваат. Поради целата ситуација сопругот е многу исцрпен, напишала професорката пред неколку дена.

Една од студентките изјави дека часот почнал со изјава на професорката дека има воспаление на белите дробови.

Видовме дека е во полоша состојба од претходно. Во еден момент не можеше да продолжи, ниту да зборува. Беше страшно, изјави студентката.

Веста за смртта на 46 годишната професорка ја погоди цела Аргентина, а коментарите се дека треба да служи како предупредување до целиот свет дека коронавирусот навистина постои.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.