Австралијанците сега веднаш би го затвориле Велес на само пет дена, колку што просечно трае периодот на инкубација на Делта сојот. Во оваа фаза, додека вирусот не се прелеал низ целата држава, може да се затвори само еден град за да се спречи локална трансмисија. Подоцна дури да ја затворат и целата држава, ќе биде попусто, смета професорот на Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски.
Денеска министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во Македонија кај пациент од Велес е потврдено присуство на делта сојот на коронавирусот. Тој е четврти пациент, носител на индискиот сој. Во меѓувреме се чекаат резултати од уште четворица пациенти за кои постои сомневање дека се носители на делта сојот. Сите се невакцинирани. Од нив еден е во тешка состојба.
Вечра Комисијата за заразени болести оцени дека нема потреба од нови, рестриктивни мерки поради присуството на делата сојот, за кој е потврдено дека го има регионот, а секојдневно растат бројките на новозаразени во Велика Британија, Австралија, Израел…
Зарем не им беше кажано уште на 20 јуни дека Делта сојот ќе ни дојде, ако не се преземе контрола уште на границите?
Секој ден се нервирам со неписмени студенти, а какви се овие? Во таа комисија, како прво, немаат квалификувани луѓе. Немаат ни професор вирусолог, ни професор епидемиолог, ни професор математичар ни експерт за процесирање сигнали (од специјалноста на академик Коцарев). Немаат ни воен доктор, бидејќи во војна најмногу се случуваат избувнувања на епидемии. Па што имаат тогаш? Имаат 13 директори на болниците, но што ќе им кажат тие, дека имаат слободни кревети во болниците ли? Ајде нека пресметаат преносливост и трендови на епидемијата, тоа ни треба ако сакаме да дејствуваме проактивно (однапред), а не реактивно (отпосле).
Но, бидна што бидна, сега е време да гледаме нанапред. После примениот гол, тргнуваме повторно од центарот на теренот и можеме да планираме акција однапред, чекор по чекор. Австралијанците сега веднаш би го затвориле Велес на само пет дена, колку што просечно трае периодот на инкубација на Делта сојот. Во оваа фаза, додека вирусот не се прелеал низ целата држава, може да се затвори само еден град за да се спречи локална трансмисија. Подоцна дури да ја затворат и целата држава, ќе биде попусто, смета професорот Трајковски.
Тој предлага веднаш да се воведе контрола на границите, поточно влегување само со скорешен ПЦР или брз антигенски тест или седумдневен карантин по влезот во земјата. Државата да обезбеди брзи тестови на сите гранични премини.
Во комисијата да вклучат епидемиолози и вирусолози, затоа што се гледа дека вака не ја бидува работата. Политичарите да не им се мешаат во работата на стручните лица и само да ги спроведуваат заклучоците, а никако обратно, како досега.
Само што, знаејќи со кого си имаме работа, сето ова е малку веројатно дека ќе се случи, вели професорот Трајковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.