Познатиот невропсихијатар проф. д-р Методија Чепреганов ја анализираше ниската свест кај граѓаните во придржувањето на мерките за изолација против ширењето на корона вирусот. Притоа беа спомнати возрасни лица кои излегуваат во парк на партија шах, млади кои организираат забави во откупени објекти околу скопските села.

Сите тие имаат еродирано его кое носи инат, пркост, непочитување на авторитети (лицата кои ги носат мерките), експлозивно панично однесување и параноја. Тоа зависи од капацитетот на знаење и едукација на поединецот, а тоа сега не се надокнадува додека трае заканата од Ковит-19, вели Чепреганов.

Затоа професорот Чепреганов препорача дека е потребно прогласување на полициски час за да се ограничи движењето на луѓето, контактите, а со тоа да се спречи ширењето на корона вирусот.

„Тоа не е загрозување на човековите права. Тоа е легитимен начин на борба за да се постигнат посакуваните здравствени мерки за заштита од корона. Примитивноста, инаетот и суетата (размислувањата од типот „мене ништо не ми е“) се главни кочничари во спроведувањето и почитувањето на мерките од страна на граѓаните. Затоа мислам дека одговор е воведувањето на полициски час за ограничено движење на луѓето за да се спречи ширењето на епидемијата,  вели професорот Чепреганов.

Самоконтролата е на ниско ниво кај поединци, не можат да издржат во изолација, а здравствените мерки за спас од короната мора да се спроведат.

Јас му честитам на мојот млад колега Филиппче како се справува со состојбата и на целиот медицински тим кои заедно со борбата против корона се и директно изложени на ризик со оваа модерна здравствена закана“, рече Чепреганов на гостувањето во вестите на ТВ24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.