Вакцини во нашата земја има доволно, а процесот на имунизација функционира одлично, тврдат од Министерството за здравство.

За релативно краток период вакцинирани се голем број граѓани изложени на поголем ризик на компликации од болеста : 58 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 55 проценти од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина, 50 отсто од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, 40 проценти од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцините против Ковид 19 ја намалуваат појавата на компликации и смртен исход од болеста, за да се постигне целта на вакцинацијата неопходно е да се вакцинираат што поголем број граѓани, велат од МЗ.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вакцинираат, вакцинирањето е без закажување термин, а вакцините се достапни за секого.

Според податоците од МЗ, на вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 446.008 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 4.799 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.695 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 713.114 дози вакцини, а ревакцинирани се 267.106 граѓани.

Во моментов граѓаните се вакцинираат со „Астра Зенека“, „Фајзер“ и „Синовак“.

Од понеделник почнува имунизацијата на деца и млади од 12 до 16 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.