70 до 80 отсто од нашиот имунитет e локализиран во цревата. Слузницата на тенкото црево е полна со лимфни јазли. Овие лимфни ткива или Peyer- лимфни ткива се едни од првите места во мукозната мемрана каде се изведуваат имуни реакции.

Со администрирањето на пробиотици се стимулира транспортот на таргетираните антигени преку лимфните ткива во тенкото црево.

Пробиотиците ја модулираат фагоцитозата различно кај здрави особи и кај особи со алергија. Покрај пробиотиците , потврдено е и дека витамин Д има важна улога во модулирањето на имуниот систем.

Два клучни фактори го објаснуваат значењето на имуномодулаторското дејство. Првиот е дека има голем број на податоци и студии кои кои ја поврзуваат витаминот Д инсуфициенцијата со имунолошки заболувања.

Намалените нивоа на прекурсурот, претходникот на витамин Д, 25 хидроксивитамин Д се поврзуваат со автоимуните болести како мултипла склеоза, тип 1 дијабет, и Кронова болест.

Последните студии покажуваат дека и туберкулозата е поврзана со намалени нивоа на овој витамин. Вториот фактор на со кој полесно се објаснува поврзаноста на витамин Д и имуниот систем се подобрените сознанија во однос на механизмот на дејство.

ТАГОВИантигени



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.