Последната генерација на приватни специјализанти на стоматологија на мирен протест пред Министерството за здравство побараа до крајот на годината да потпишат договори и да добиваат месечен надоместок во износ на просечна докторска плата исто како нивните колеги запишани во 2016 година.

Незадоволни се како што велат од игнорантскиот однос на здравствените власти зошто подолго време барале средба со министерот, но не биле примени на разговор.

Младите специјализанти пред Министерство за здравство прашаа зошто тие се поразлични од останатите нивни колеги.

Станува збор за околу 130 стоматолози кои се на приватна специјализација на факултетите во Скопје и Штип.

Министерот за здравство најави дека во текот на денот ќе оствари средба со приватните специјализанти на стоматологија и ќе ги слушне нивните проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.