Пролетта е најубаво годишно време, но со себе носи и голем број алергии. Најчести симптоми кои ги предизвикуваат сезонските алергии се кивавица, солзење на очите, како и воспалено и суво грло.

Меѓутоа постојат голем број природни лекови кои можат да ни го олеснат живеењето и уживањето во пролетта. Ова се мал дел од нив.

Камилица

Антивоспалителните својства на камилицата помагаат за смирување на сувите очи кои често знаат и да чешаат и да предизвикуваат иритации. Земете две оладени вреќички од чај од камилица и држете ги на очите 3-5 минути. Повторувајте ја оваа постапка неколку пати дневно.

Коприва

Копривата делува како антихистамин кој помага да се смират симптомите на алергија како што се кивање и чешање на очите. Кога ќе ги забележите овие симптоми, купете таблети од коприва или пијте чај.

Нане

Нането е одличен лек за дишните патишта. Вашето дишење може да се подобри доколку се инхалирате со чај од свежо или сушено нане.

Мајчина душица

Чајот од мајчина душица помага при лечење на кашлицата, гушење предизвикано од алергија, а има и смирувачко дејство врз воспаленото грло. Ако не сте во можност да најдете свежа, побарајте чај во секоја билна аптека.

Мед

Медот е одличен лек кој го ублажува кашлањето и воспалението во грлото. Едно лажиче мед и шолја чај можат многу да ви помогнат.

Ѓумбир

Ѓумбирот ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а е многу моќен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир, така што во врела вода ќе ставите 5 грама свеж изрендан ѓумбир и ќе го доварите чајот уште 10 минути. Потоа процедете го и ставете една лажичка мед. За ублажување на симптомите од алергијата можете да користите и ѓумбир во прав.

Лута пиперка

Лутата пиперка е богат извор на биофлавоноиди кои го спречуваат ослободувањето на хистаминот, кверцетинот и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и алергиски симптоми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.