Во светот секоја година се регистрираат 250.000 нови случаи на заболени од рак на јајчници
140.000 жени во светот ја губат битката со оваа болест. За жените кои живеат со оваа болест им треба поддршка во борбата за излекување.
Од клучна важност е болеста да се препознае при појавата на првите проблеми. Само редовниот преглед е некаква заштита во борбата против рак на јајчници. Жените треба да се грижат за своето здравје и редовно да одат на гинеколог.
Сепак, тешко е да се открие на време. Од рак на јајчници заболуваат претежно повозрасни жени, но болеста не ја заобиколува ниту помладата популација. Станува збор за тешка и сериозна болест, односно за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.
Најголемата причина за тоа е фактот што нема рани симптоми, а кога ќе се појават тие се многу неспецифични и поврзани се главно со дигестивниот и уринарниот тракт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.