Калина Гривчева Старделова, претседателката на Лекарската комора на Македонија, денес не сакаше да ја одложи седницата на Собранието на Лекарската комора на барање на одреден број делегати, рече др. Ленче Нелоска по одржувањето на денешната седница на Собрание на Комората.
Причината е едноставна, за Старделова има предмет во Антикорупциската комисија за судир на интереси. Тоа значи дека таа не може да биде претседател на Лекарската Комора на Македонија, а во исто време и директор во ЈЗУ, бидејќи Комората ја цени работата на јавните здравствени установи, појасни Нелоска.
Нелоска додаде дека според настаната нова ситуација Старделова претседателката на Комората ја цени работата на Старделова директорката на Клиниката.
Поради тоа треба да се почека одлуката на Антикорупциска која доколку одлучи дека има конфликт на интереси ќе има и формално доказ за судир на интереси. Тоа ќе значи дека Старделова ќе мора да одбере дали ќе биде само директор или само претседател на Лекарската комора, заклучи Нелоска.
Дополнително, доказ за нетранспарентното работење, на Лекарската комора предводена од доктор Старделова, е и фактот што повторно што Извештајот за финансиското работење на Комората за 2018 година е ставен на дневен ред дури денеска декември 2019 година. Истиот требаше да биде усвоен на последната седница на Собранието во февруари оваа година пред да се поднесе до Управата за јавни приходи, објасни Нелоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.