Ако уживате во слатки, торти и колачи, а сепак сакате да ја одржувате вашата линија и да не качите многу килограми, посебно сега кога сите сме во искушение околу празниците, тогаш ви го препорачуваме калкулаторот со кој ќе можете да видите колку калории дневно треба да внесувате во организмот и како да се храните.

Калкулаторот ќе ви го открие индексот на телесна маса, кој е еден од првите индикатори на телесното здравје. Сепак, вие може да имате некој килограм вишок, но масти процентуално да имате под просек и да бидете во совршена форма.

За да добиете податоци, треба да го внесете полот, годините, телесната тежина и колку сте физички активни, а калкулаторот ќе пресмета колку јаглехидрати, протеини, витамини, минерали треба да внесувате во организмот секој ден.

Исто така, ќе добиете податок и колку калории трошите дневно, а како можете да ја смените вашата исхрана.

Калкулаторот со кој се може да пресметате го имате на линкот тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.