Министеството за транспорт и врски, согласно заклучоците донесени на Единаесеттиот состанок на Главниот координативен штаб за обезбедување на целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД – 19, преку Регулаторната комисија за домување испрати апел и препорака до сите граѓани кои живеат во колективни станбени згради да преземат активности за дезинфекција на заедничките простории во станбените објекти.
Имено, согласно препораките на Главниот координативен штаб, сите Заедници на сопственици на станбени згради како и Управители на станбени згради, потребно е да преземат активности за дезинфекција на заедничките делови и простории на станбените згради, како и на површините околу станбените згради кои се во функција на зградите, од собраните средства на посебните сметки за резервниот фонд, доколку за тоа има согласност од сопствениците на посебните делови во станбениот објект за искористување на средствата за оваа намена.
Овие апели и препораки од Главниот координативен штаб се во насока на спречување на внесување и ширење на коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.