Другари,
Ќе бидам краток и јасен.
Тестовите за Ковид-19 не секогаш се валидни. Направив 3 такви во 3 различни лаборатории но сите излегоа негативни. Сепак, денеска направив нова крвна слика и излезе дека сепак сум го прележал вирусов со масивна пнеумонија.
Среќа у несреќа за сите понатака – имам висока бројка на антитела.
Веќе се пријавив на трансфузиологија и очекувам во текот на утрешниот ден да бидам викнат да дадам крв.
Крвна група Б+
Шерувајте за ако некој има мака и бара крвна плазма со Б+ крвна група, верувам дека од утре/задутре ќе му биде на располагање во трансфузиологија. Ќе гледам да оставам што повеќе можам согласно правилата на институтот.
Како читам за луѓе што починаа, навистина сум благодарен низ што поминав и како сум вратен во нормала, пишува на Фејсбук, Виктор Мисовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.