Националната алијанса за ретки болести на Македонија на втори март 2019 во Детскиот Креативен Центар (ДКЦ) со почеток во 11 часот. организира уште еден јавен настан Креативна работилница за деца, која ќе има цел да ги запознае младите (и повозрасните) гости со различностите и ретките болести.

Креативната работилница се реализира како дел на проектот „Системски решенија за пациентите со ретки болести“ во рамки на кампањата за одбележување на Денот на ретки болести 2019. Проектот е финасиски поддржан од програмата „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на граѓански организации“, имплементирана од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница Штип и Коалицијата сите за правично судење, финансирана од Европска Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.