Долготрајното седење може сериозно да влијае на здравјето, а според истражувања направени во Велика Британија, од ваквиот начин на однесување годишно умираат 70.000 луѓе, повеќе отколку од рак на белите дробови.

Многу луѓе минуваат повеќе од 10 часа дневно седејќи и тоа не само на работното место. Премногу седење може да го зголеми ризикот од различни болести и да предизвика смрт. Исто така, влијае на хормоните, метаболизмот и може да предизвика воспаление во организмот.

Според најновите истражувања, повеќе од третина луѓе минуваат повеќе време во седење во текот на викендот, за работното биро во текот на неделата, а слободното време често го минуваат пред екраните.

Оваа навика може да го зголеми ризикот од различни смртоносни заболувања. Во Велика Британија, поради ваквиот начин на живот, починале 70.000 луѓе во 2016 година.

Истражувачи од Кралскиот Универзитет во Белфаст и Универзитетот Улстер заклучиле дека е потребно да се преземат мерки на намалување на седењето во цел подобрување на здравјето на луѓето, како и намалување на финансиското оптоварување во здравството.

Болести кои се поврзуваат со долго седење, освен дебелината како состојба, се кардиоваскуларните заболувања, дијабетес тип 2, одредени облици на рак, како што е ракот на белите дробови и предвремена смрт од различни причини.

Седењето, исто така, влијае на мозокот, на расположените, на спознајните способности, на паметењето и го зголемува ризикот од деменција. Седењето има такви поразителни ефекти на здравјето што лекарите овој начин на однесување го нарекуваат „ново пушење“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.