Долгото седење за време на работното време може многу негатовно да влијае на здравјето и метболизмот, но за среќа, постои решение доколку се следи едноставното правило 6/60. Сè што треба да направите за да го вклучите ова правило во вашата рутина, е свесно да одвоите шест минути за движење или стоење на секој час седење.

Тоа е едноставна формула со која можете да го забрзате метаболизмот на долг рок, што ќе ви помогне да изгубите тежина, но и да го одржите здравјето на целиот организам.

Како што вели Роџер Адамс, лекар и нутриционист од Хјустон, оваа мала промена може да има огромни позитивни ефекти.

Адамс секогаш им го наведува ова правило на своите клиенти како прв и најлесен начин за зголемување на потрошувачката на калории во текот на денот, а неговите тврдења се поткрепени со студија објавена во американскиот магазин за клиничка ендокринологија и метаболизам, што покажува дека само шест минути стоење или движењето по секој еден час седење може да ги намали негативните ефекти активната работа или одмор во седечка положба.

Еве неколку идеи за тоа што можете да направите во тие шест минути.

– Останете на нозе или одете додека разговарате на телефон. Направете некои домашни работи за време на ТВ реклами. Станете и одете до тоалетот или до кујната да се освежите со чаша вода во овие топли денови.

– Направете неколку лесни вежби за рацете или за истегнување. Едноставно, поминете неколку минути на нозе.

– Прошетајте до најблиската продавницата за да си земете нешто здраво за ручек или некоја закуска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.