Во Калифорнија се појави нов сој на коронавирусот, кој веќе се има раширено низ други американски сојузни држави, но е докажан и во Австралија, Данска и во Мексико. Првпат е откриен во декември, јавува стручното списание „Наука“. Научниците ја означуваат новата мутација како Б.1.427 и Б.1.429, а според нејзините карактеристики ја викаат и „ѓаволска“.

Истражувањата покажуваат дека оваа варијанта на Сарс-КоВ-2 не само што може да е позаразна, туку и да предизвикува потежок тек на болеста, доаѓа до почести потреби од интензивно лекување и до смрт, иако сегашните податоци уште се оскудни.

Според „Наук“, оваа мутација на коронавирусот предизвикуваполош имунолошки одговор кај телото, односно антителата настанати кај луѓето по прележан ковид-19, барем во лабораториски услови, не спречуваат толку добро инфицирање со новата варијанта. Можно е постоење повисок ризик од повторно заразување и за лицата со примена вакцина од „Фајзер“ или „Модерна“. Но, уште е нејасно дали вакцините имаат помала ефикасност против Б.1.427 и Б.1.429. Имунитетот според досегашните сознанија не исчезнува толку многу како кај варијантата од Јужна Африка.

Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека научниците случајно наишле на новата варијанта. Чиу на крајот на декември всушност имал намера да изврши проверка на интензитетот со кој британскиот сој се има проширено во Калифорнија, па за таа цел секвенцирал геном од позитивните корона-тестови. Така наишол на новата мутација. Речиси истовремено научниците од Медицинскиот центар Цедар-Синаи во Лос Анџелес направиле исто откритие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.