Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995.
Поради зголемен број пациенти со ковид-19 повторно се отворени ковид-центрите на Клиниките за нефрологија, за гастроентерохепатологија, за очни болести, како и на Клиниката за уво нос и грло.
Од Министертсвото за здравство велат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 406 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 54, а во болницата во Штип 38 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Денеска се регистрирани 1.031 нови случаи на Ковид 19. Министерството за здравство јави дека починале 20 лицa на возраст од 50 – 93 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.