Повеќе од 3.000 лекари и друг медицински персонал починаа од почетокот на пандемијата на коронавирус во светот, објави Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл, истакнувајќи дека тој број е секако поголем, затоа што не е можно да се добијат официјални податоци во многу земји.

Според потврдените податоци, повеќето здравствени работници, 545, ги загубија животите во Русија, по што следат Велика Британија со 540, САД со 507, Бразил со 351, Мексико со 248, Италија со 188, Египет со 111, Иран со 91, Еквадор со 82 и Шпанија со 63.

Амнести Интернешнл наведува дека во сите 63 земји, кои биле набљудувани од нивните активисти, имало недостаток на медицински персонал и недостаток на заштитна опрема.

Особено загрижувачко, се вели во соопштението, е дека овие проблеми се особено изразени во земји како Индија, Бразил и некои африкански земји, каде што допрва доаѓа врвот на епидемијата.

Исто така, се истакнува дека лекарите во Мексико Сити посочуваат дека тие трошат повеќе од десет проценти од своите плати за набавка на заштитна опрема, бидејќи во болниците нема доволно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.