Потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска.

Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“.

Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во странство. Во текот на скринингот излезе дека е позитивен на Ковид – 19, а денеска добивме потврда дека се работи за новиот сој омикрон, изјави Струлакова – Коровешоска.

Според анкетниот лист, посочи дека лицето не знае од каде се заразило, а како контакти ги навел членовите од потесното семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.