Министерството за здравство информира дека резултатите на првозаболената пациентка со корона вирус се негативни на овој вирус. Таа беше по втор пат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.
Негативна на корона вирус е и 16 годишната пациентка со неспецифични знаци за горно респираторна болест.
Во меѓувреме, тестирани беа и други двајца пациенти кои резултатите се исто така негативни на овој вирус.
Здравствената состојба на шесте пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа ќе биде сѐ уште хоспитализирана на Клиниката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.