Околу две недели се потребни за да се излекува пациент со среднотешка слика, објасни директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ.

Сите ние сме различни, но во просек 16 дена се лекува средно-тешка клиничка слика, на заразен од Ковид-19, а многу повеќе време е потребно за тешките случаи, зошто тие и откако се негативни, последиците кои ги остава инфекцијата се големи, рече таа одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Таа додаде дека рационално се користат креветите на клиниката вклучувајќи ја и модуларната болница. За зголемената смртност, таа истакна дека од тоа се стравувало уште на почетокот на пандемијата.

Во однос на смртноста, со зголемување на бројот на заразени, со пребукирање на болничките капацитети, од самиот почеток стравувавме од тоа, рече директорката Стевановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.