Познато е дека симптомите на Ковид-19 се температура, кашлица и тешкотии при дишењето, но оториноларинголозите сега предупредуваат на уште еден симптом за кој веруваат дека е поврзан со коронавирусот. Станува збор за аносмија, потошно губење на чувството за мирис, но без носот да е затнат. Оваа појава понекогаш се надополнува и со губење на чувството за вкус, агеузија.

Неколку заболени од коронавирус ја пријавија аносмијата како еден од симптомите, рече вториот човек на француското Министерство за здравство Жером Саломон.

Познатиот француски кошаркар, Руди Гобер, кој беше меѓу првите во НБА кои се заразија од Ковид-19, исто така, откри дека ги изгубил чувствата за мирис и вкус.

Извор: Хина



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.