Знаеме дека е здраво да се јаде едно јаболко на ден. Но може ли премногу овошје да биде нездраво?
„Дефинитивно може“, одговара германскиот лекар Карстен Лекутат. Овошјето содржи фруктоза, затоа и е толку вкусно и слатко. „Фруктозата е конечно сепак шеќер, со ситепроблеми кои произлегуваат од премногу шеќер“, вели тој.
Едно јаболко ве прави здрав, три често резултираат со масен црн дроб, објаснува.
Кога црниот дроб ќе се замасти, повеќето претпоставуваат дека е тоа поради алкохол. Всушност, вели Лекутат, во 20 до 30 отсто случаи тоа нема врска со алкохол, туку е последица од прмногу фруктоза. Значи, треба да се јаде само зеленчук?
Не, одговара Лекутат. „Би бил среќен кога многу од моите пациенти би јаделе повеќе овошје затоа што луѓето, генерално, јадат премалку. Но вреди да се размисли кој вид на овошје го јадеме и која количина затоа што не е сето овошје еднакво богато со шеќер.
„Бананите, јаболката, сливите имаат многу повеќе шеќер одпортокалите или шумското овошје“, објаснува нутрицинистката Антје Гахл. Таа препорачува пет порции овошје и зеленчук на ден. Притоа, зеленчукот има приоритет.
Со други зборови консумирањето на овошје треба да се прилагоди кон животниот стил. Кој сака да го почне денот со сок од портокал, мораи да вежба за да го потроши внесениот шеќер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.