Празниците секогаш одат рака под рака со прејадувањето, затоа вторник е вистинско време да почнете со прочистување на организмот и оваа постпразнична диета.
Пијте многу вода
Тоа ќе ви помогне побрзо да ги отстраните токсините од телото кои се задржуваат во организмот. Покрај вода, зелениот чај е ефикасен против отровите, па пијте најмалку една чаша чај дневно.
Витамин Ц
Тој е од најголема важност кога станува збор за детоксикација на телото. Овој витамин се наоѓа во лимонот, а експертите препорачуваат денот да го започнете со чаша свежо исцеден лимон разреден со топла вода, без шеќер. Оваа чудотворна чаша ќе го забрза варењето и секако добро влијае на црниот дроб и на целото тело.
Вежби
Време е да почнете да вежбате. Пробајте нови вежби или спорт со кој никогаш не сте се занимавале. Можеби јогата кај нас не е толку популарна како некој друг вид физичка активност, но секако е добра за детоксикација на организмот. Покрај тоа што ќе ви помогне да се испотите и од своето тело да ги елиминирате токсините, јогата помага и да го смирите својот ум, што добро ќе ви дојде после сите овие празнични метежи.
Пот
Потењето е одличен начин да ги отстранете од телото вишокот калории и отрови, кои се задржале за време на празниците.
Оброци
Јадете овошје и зеленчук секој ден, во оброците вметнете житарки, пченка, ориз, ‘рж, просо … Обидете се да го намалите внесувањето на слатки и да ги замените со поздрава опција – овошје, а понекогаш може да додадете малку шлаг и да уживате во овошна салата.
Послужете се со мал трик – Изберете храна или некои слатки кои многу ги сакате, а сте свесни дека воопшто не е здраво и целосно отстранете го од вашето мени. Се разбира, тоа не е лесно, но освен што нема дополнително ќе внесувате токсини во вашето тело, овој предизвик е одлична можност да ја тестирате вашата желба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.