Министерството за здравство информира дека согласно уредбата со законска сила донесена од Владата , породилното отсуство продолжува да важи до завршување на времените мерки за справување со вирусот ковид-19, со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата, соопшти Министерството за здравство.

Секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата.

Отсуството од работа на работничката поради бременост, раѓање и/или посвојување продолжува до завршување на времените мерки, а надоместокот на плата продолжува да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба, се вели во соопштението од Министерството за здравство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.