Метеоролозите од вечерва веќе најавуваат голема промена на времето.
Лекарите апелираат до граѓаните, особено до метеопатите и хронично болните да внимаваат овој период, да ги земаат редовно препишаните лекови.
Зголемен број повици во врска со нарушеното здравје на хронично болни, зголемен крвен притисок, главоболки, вртоглавици, малаксаност, недефинирани состојби, очеуваат екипите на Брзата помош.
Периодов, како што велат лекарите постои и опасност од мозочни удари.
Тие препорачуваат при вакви временски промени луѓето, особено хронично болните, доколку немаат итна потреба да не се изложуваат на физички напор, да ги намалат дневните активности, да ја земаат неопходната терапија и да земат нешто за смирување.
Не треба да се зголемуваат своите физички активности во смисла на некое подолго пешачење, во смисла на качување на Водно, да имаат активности во рамките на нивните можности. Треба да се внесува полесна храна и да се пие многу вода. Тие што планираат да патуваат треба да поаѓаат во раните утрински или вечерни часови во одморена состојба и често да прават пауза, велат лекарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.