Вакцините кои се во оптек се исклучително безбедни и ефикасни вакцини. Не постои научно издржан механизам според кој модерните вакцини би можеле да предизвикаат стерилитет, или каква било сериозна компликација по здравјето години по примањето. Факт е дека помладите од 18 години, многу ретко може сериозно да се разболат, но размислувањето за нивна вакцинација потекнува од сознанието дека тие може да ја пренесуваат болеста и доколку оваа група остане неимунизирана, теоретски може да се продолжи одржувањето на пандемијата. Од тој аспект, сметам дека е добро и деца да бидат вклучени во процесот на имунизација, објаснува во разговор за „Локално“, директорот на Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет на УКИМ, др.Александар Петличковски.

Во однос на примањето на две различни вакцини против ковид 19, Петличковски смета дека  не би требало да се појави некој сериозен проблем по мешање на дози од различни вакцини.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.