Во наредниве денови ќе се направат тестирањата на корона вирус на лицата од Клиника за кожни болести кои биле во контакт со заболената директорка Нина Цаца Билјановска. Ова попладнево го најави министерот за здравство Венко Филипче наведувајќи дека се поминати 14 дена во изолацијата.

– Тестирањата ќе се извршат во групи бидејќи не може сите да завршат во еден ден. Потоа ќе ги соопштиме резултатите, по што би можеле да се вратат на работа, рече министерот.

Познато е, Клиниката за кожни болести беше затворена на 9 март откако беше утврденo дека директорката Цаца-Билјановска е заразена со корона вирусот кога била на скијање во Италија. Таа по враќањето во Македонија наместо во самоизолација одела пет дена на работа, а учествувала и на голем семинар во Скопје. Заради тоа во изолација мораа да бидат ставени околу 200 луѓе – 64 лекари, медицински и технички персонал, двајца членови на семејството, 24 пациенти кои се лекувале на клинката како и 103 лица кои присиствувале на семинар кој се одржал во ресторан во Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.