Во Австралија во понеделникот илјада медицински работници доброволно почнаа да примаат бесеже вакцина или лажен лек (плацебо), за да видат дали во иднина имаат основа за најновите научни сознанија дека вакцината против туберкулозата во голема мерка штити од коронавирусот.
Иако се уште без клинички испитувања и без научна препорака дека вакцината против туберкулозата (ТБЦ) се користи како заштита од коронавирусот, научници во САД и во Ирска воочиле „видливи“ показатели дека државите во кои е редовно спроведена вакцинацијата против ТБЦ имаат помала смртност и зараза од коронавиусот. Тоа се комунистичките држави, поранешните советски држави и социјалистички земји, вклучувајќи ја и Македонија, наспроти САД, Италија, Шпанија и други кои не ја практикуваа оваа вакцина.
Студијата на ирскиот медицински стручњак Пол Хегарти кој работи со епидемиолозите на Универзитетот Тексас, во Хјустон покажува дека во 178 држави во кои била задолжителна вакцинацијата на ТБЦ, вклучувајќи ја и Ирска имаат помалку заразени и смртни случаи на Ковид-19. „Ајриш тајмс“ ја пренесува изјавата на Хегарти кој вели дека смртноста е 20 пати помала кај земјите кои ја спроведувале вакцинацијата за ТБЦ.
Бесеже вакцината во многу држави им се дава на бебињата веднаш по раѓањето, или во рок од еден месец. Таа вакцина штити од милијарна туберкулоза и туберкулозен менингитис. Но, научниците тврдат дека е познато оти оваа вакцина обезбедува и други предности: го јакне имуниот систем на респираторните органи, што го верификуваше и Светската здравствена организација, а се користи и за лечење на карцином на бешика, намалувајќи го туморот и неговиот рецидив.
Да би умањили могућност грешке, истраживачи су поново процењивали случајеве током пандемије вируса корона, упоређујући их по државама. „Нисмо очекивали да ћемо видети толико изражену разлику”, навео је овај ирски научник и изнео следеће податке: „Током 15 дана, број новозаражених (инциденца) вирусом корона био је 38 људи на милион – у земљама које спроводе вакцинацију бесежеом, док је инциденца вирусом у земљама чије здравство не спроводи тај програм износила 358 на милион становника. Стопа смртности била је 4,28 на милион у земљама са бесеже програмом, у односу на 40 умрлих на милион у земљама без таквог програма.
И во Русија сметаат дека нивното население, на некој начин е отпорно на Ковид-19, бидејќи граѓаните се вакцинирани.
Иако оваа теорија засега е на ниво на хипотеза, тешко е да се занемарат епидемиолошките контрасти. освен во САД, Италија, Шпанија, каде што нема задолжително вакцинирање против ТБЦ, има разлика и на ниво на СР Германија. Во Западна Германија, каде што во 1975 година било укинато задолжителното вакцинирање против ТБЦ, има многу повеќе заболени и почнати отколку во Источна Германија, каде што имунизацијата траеча до крај на 90-те години на минатиот век.
„Ајриш тајмс“ наведува дека клиничките испитувања на дејството на бесеже вакцината кај илјада здравствени работници почнала и во Холандија и резултатите се очекуваат за три до шест месеци. Не се препорачува да се дава вакцината на населението додека не се утврдат можните нус-појави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.