Последните истражувања покажуваат дека и откако ќе бидат целосно изгаснати, цигарите преку филтрите и натаму во воздухот емитуваат 14 проценти од никотинот, што го „произведува” употребената цигара

Американската агенција а храна и лекарства (FDA) во анализата, која беше објавена во списанието „International Journal of Indoor Environment and Health”, откри дека високи концентрации на никотин и триацетин – пластификатор во филтрите на цигарите, се уште можат да бидат откриени во воздухот во затворени простории, дури пет дена подоцна.

Експертот за животна средина, Дастин Попендик од американскиот Национален институт за стандарди и технологии (NIST) вели дека бил апсолутно изненаден. Според него бројот на штетни материи е значителен и во пепелниците полни со отпушоци во автомобилите и затворените простории, и тие и натаму претставуваат голема опасност за здравјето на луѓето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.