Поголем дел од заразените од корона вирус (Ковид-19) во земјава се заразени за време посета на на друга држава. Според статистиката, ако се земе в предвид тврдењето на министерот Венко Филипче, дека двајцата сопружници за кои денеска е потврдено дека се заболени од корона, биле во странство, тогаш 8 од вкупно 26 заболени вирусот го донеле од друга држава. 18 од заболените вирусот го добиле по контакт со заразно лице во Македонија.

Токму поради тоа е и апелот на министерот Филипче граѓаните да седат дома, да излегуваат само кога е неопходно, редовно да ги дезинфекцираат рацете. Граѓаните кои допатувале од странство да останат во самоизолација 14 дена, без разлика дали чувствуваат симптоми или не.

Инаку 7 од заболените се од Скопје, вклучувајќи ја и првата пациентка, која веќе е излечена. Останатите заболени се од Дебар. Најмладиот заболен во државата има 15 години, а на листата има само едно пензионирано лице – на возраст од 65 години. Најголем дел од заболените се на возраст од 50 до 60 години, односно 14 лица или 53,85 отсто од оние кај кои е дијагностициран Ковид-19. Три лица или 11,5 отсто од заразените се на возраст над 60 години, а 8 лица или 30,77 отсто од 16 до 40 години. Едно лице (3,85%) е на возраст од 15 години.

Поголем дел од заболените се мажи – 14 лица, но таа разлика меѓу заболените е минимална – 12  од оние кај кои е дијагностициран корона вирусот се жени.

)

До сега се тестирани 99 лица. Денеска се тестирани 10 лица, вчера 17 лица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.