Печалбари од струшките села кои со години живееле во странство заминуваат на лекување во Швајцарија. Нивното лекување го покриваат осигурителни компании. Осигурителната полиса им покрива транспортни и трошоци за лекување во болници со далеку подобри услови отколку тие во Македонија, информира директорот на струшката болница Мухамед Асани.
Болните од ковид 19 се транспортираат во транспортни инкубатори покриени со посебна фолија. Пред да биде сместен во авион пациентот се пакува во специјална капсула скафандер, која ја обложува самата носилка, а е приклучена на кислород и инфузија.
Пред неколку дена 68-годишен пациент од Радолишта, во критична состојба бил испратен на лекување во Швајцарија. Сопругата, пак, не успеала да се избори со болеста и починала во болницата во Струга.
Во Струшката болница моментално има 12 позитивни на ковид-19, 4 сомнителни и двајца излекувани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.