Вицепремиерот и шеф на владиниот кризен штаб, Бујар Османи, во обид да ги натера граѓаните сериозно да разберат дека корона вирусот многу лесно се пренесува при семејни ручеци и вечери уште еднаш сподели видео на својот профил на Фејсбук.
-По втор пат го објавувам ова видео. Како за 30 минути се пренесува вирусот кај сите присутни на заеднички ручек или вечера.
Ве молам погледнете го, пишува Османи во објавата.Повеќе од јасно е дека Османи по бројката од 120 заболени, голем број на починати и олабавувањето на мерките кога се прогласи т.н. победа на пандемијата, сега сака повторно да допре до граѓаните и да се повика на нивната свест и совест, по лошото менаџирање на влста во борбата со ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.