Менаџментот на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе реши привремено да престане со работа, а на сите 830 работнички да се спроведе тестирање за присуството на коронавирусот.

Одлуката е донесена по зголемувањето на бројот на заболените од коронавирусот во Свети Николе и препораките од Министерството за здравство и на Општинскиот кризниот штаб.

Од кризниот штаб соопштуваат дека вкупната бројка до денеска на заболени од ковид-19 во Свети Николе е 79 лица.

Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 51.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.